Исак Хаик, израелец со корени од Ирак, ја освои титулата за најстар играч во професионалниот фудбал. Овој 73-годишен голман го собори рекордот, играјќи за израелскиот клуб Ирони Јехуда. Исак Хаик следната недела ќе го прослави својот 74-ти роденден, а исто така и ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди како најстар професионален играч.
Исак Хаик е многу среќен за подвигот што го направи при тоа за медиумите го изјави следново: ,,Подготвен сум за следниот натпревар. Горд сум што на оваа возраст можам да играм фудбал “, кажа на крај Хаик. Претходниот рекорд му припаѓаше на уругваецот Роберт Кармани кој настапи на 53-годишна возраст на професионален натпревар.



