Ѓоко Танески го промовираше видео записот за неговата најнова песна „Тој што во срце те носи“. Музиката и аранжманот се на Дамјан Лазаров, а текстот е на Ана Пандевска. Прекрасниот видео спот кој е сниман во Св. Наум е дело на Krstevski entertainment. Главните улоги во спотот ги толкуваат Анета Спиревска и Синиша Стојаноски.
Уживајте во оваа прекрасна песна и спот!



