Чарлс Леклерк од Монако ја освои својата прва пол позиција во кариерата и тој е само вториот најмлад возач кој успеал тоа да го направи во Формула 1. Леклерк патеката во Бахреин ја извозе за време од 1: 27.866, три десетини побрзо од клубскиот колега Мартин Себастијан Фетел и со тоа ја продолжи доминацијата на Ферари во текот на сите три трки. На трето и четврто место завршија возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Во продолжение и позициите на возачите кои ќе стартуваат на главната трка:



