Емил Павлов по четврти пат е дел од победнички подиум на Европско првенство во карате во шпанска Гвадалахара. Павлов до бронзата стигна откако во категоријата до 60 килограми славеше над Флорин Гоголоси од Романија со 3:2.
Павлов има бронза од шампионатот во Монпелје во 2016 година и две злата од првенствата во Тампере во 2014 година и во Нови Сад во 2018 година



