Охрид и Металург ќе ги одмерат силите во утрешното финале од завршниот турнир во Младинската лига кој се одржува во СРЦ „Билјанини Извори“.
Младинците на Металург 2 во првото полуфинале ја совладаа екипата на Струга и обезбедија финале на младинскиот фајнал-фор.

РК Металург 2 – РК Струга 31:26 (11:10)
РК Металург: Божиновски, Василевски, Мијатовиќ, Михајлов 7, Кондев 4, Попов, Кофилоски 2, Гошевски, Митиќ 5, Ристовски, Серафимов 5, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 4, С.Додиќ 1 и Гајиќ 3.
РК Струга: Матовски, Кузманоски 6, Крстаноски 6, Кицески 1, Скепароски, Ферукоски, Дукоски, Тутеноски, Маркоски, Костески 5, Бајрамоски 6, Мемед, Барлакоски 2, Трајкоски и Гронки.
https://www.facebook.com/javisejuzno/videos/2303442533047777/
Домаќинот Охрид во второто полуфинале го победи тимот на КЛ7 со 28:23 (полувреме 15:12).

Во тимот на Охрид најефикасен беше Наум Костов кој постигна 9 погодоци, а во тимот на КЛ7 најефикасен беше Дејан Џигероски со 7 голови.
Финалeтo се игра во 17 часот и 30 минути, а во битката за третото место ќе се сретнат градските ривали РК Струга и КЛ7 во 15 часот и 30 минути.



