Јуниор Кисела Вода оствари многу важна победа на гостувањето кај Македонија во Ѓорче Петров со 27:28 (полувреме 12:12). Фантастичен на голот на Јуниор беше Влатко Затаракоски, додека во нападот најефикасен беше Гичев со 8. Одлична партија пружија и Стефан Колоски со 2 гола и неколку асистенции и Кристијан Трајкоски со 2 погодоци. Кај домашните Димовски со 6 голови беше најдобар.



