Во сабота во Скопје во 19,30 часот се игра реванш осмина-финалниот меч oд Лигата на Шампионите помеѓу Вардар и ППД Загреб. На првиот меч во Загреб во саботата Вардар славеше со 27-18.
Роберто Парондо, тренерот на Вардар ја даде следната изјава:
„Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб. Сепак, не смееме да се опуштаме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа. Мораме да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. Мораме на најдобар можен начин да одработиме и на реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидеме на реваншот да одиграат што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар.”
Извор: rkvardar



