Меѓународната кошаркарска федерација – ФИБА го објави списокот на кошаркари и тренери кој што оваа година ќе бидат примени во Куќата на славните, а меѓу нив е името на легендарниот тренер Богдан Тањевиќ.
72-годишниот стручњак во тренерската кариера беше селектор на: Југославија, Италија, Турција и Црна Гора, а од клупските ангажмани ги имаше во Босна, потоа ги водеше тимовите на: Касерта, Стефанел Трст, Милано, Виртус Болоња, Лимож, Асвел, Фенербахче и Будуќност.
Освен Тањевиќ во Куќата на славните ќе бидат примени уште: Наталија Хејкова од Словачка, постхумно кинезот Моу Жујун, а меѓу кошаркарите тоа ќе бидат: Бразилката Жанет Арчин, бугаринот Атанас Голомејев, американецот Алонзо Морнинг, аргентинецот Фабрицио Оберто, порториканецот Хозе Ортиз, Мохсен Медхат Варда од Египет и чехот Јири Зидек, како и постхумно полјачката Малгорзата Дидек.



