Во Европа се играат квалификации, а ширум светот има голем број на пријателски дуели. Најпознатите фудбалски нации Аргентина и Бразил одиграа пријателски мечеви во кои што со погодоците на резервистите се спасија од нови бламажи.
Аргентина пред неколку дена загуби од Венецуела во Мадрид, а сега ,,Гаучосите” со погодокот на резервистот Кореа во 83. минута стигнаа до минимален триумф од 0:1 над Мароко. Од друга страна пак Бразил имаше негатива од 1:0 против Чешка со голот на Павелка во 37 минута. Пресвртот го направија Фирмино со израмнувачки гол во 49 минута, додека резервистот Габриел Жезус со погодоците во 83 минута и во 90 минута ги постави конечните 1:3.
Видео: Мароко 0 – 1 Аргентина
Видео: Чешка 1 – 3 Бразил



