Србија во рамките на групата Б во Лисабон на стадионот ,,Луж” против Европскиот првак Португалија одигра реми од 1:1. Први во водство беа србите во 7 минута кога Тадиќ успешно го реализира ударот од белата точка.
Португалија го израмни резултатот во 41 минута со голот на Данило со прекрасен шут од далечина. За издвојување од овој меч се повредите во првото полувреме, каде што во 20 минута поради повреда Гачиновиќ го напушти теренот, а во 31 минута Кристијано Роналдо го истегна мускулот и предвреме замина во соблекувалната.
Португалците очајно ги започнуваат квалификациите за ЕУРО 2020 затоа што по првите две кола имаат две нерешени и само два освоени бода, додека Србија го одигра првото коло и веднаш заработи голем бод на едно тешко гостување.
Видео: Португалија 0 – 1 Србија стрелец Тадиќ (пенал)
Видео: Португалија 1 – 1 Србија стрелец Данило



