Во Норвешка е отворен првиот подводен ресторан во Европа се вика „Андер“ (Under). Ресторанот се наоѓа во Lindesnes, на северноатлантскиот јужен брег на Норвешка.
Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно од годишните времиња.
Половина од овој ресторан е под вода, додека другата половина е над површината на водата, а дизајнот е таков што совршено се вклопува во морската средина. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест месеци се целосно резервирани.



