Најголемиот фаворит за првото место во групата Г за квалификациите за ЕУРО 2020 е селекцијата на Полска која што во првите две кола игра сосема доволно колку да ги освои трите бода и последниот меч против Летонија иако отпорот го скршија дури во последните петнаесетина минути сепак стигнаа до нивната цел и ги освоија максималните шест бода.
Разочарување во групата Г е Австрија која што во прво коло дома загуби со 0:1 против Полска, а вчерашниот натпревар против Израел го загуби со 4:2, каде што Захави постигна хет-трик и еден гол постигна Дабур, додека кај Австрија двоен стрелец беше Арнаутовиќ и гостинската репрезентација остана закована на дното без освоени бодови.
Од друга страна Македонија е вистински хит во квалификациите затоа што по првите две кола нема пораз и има освоено 4 бода и сериозно се вклучува во борба за местата кои носат директен пласман на Европско првенство. На последниот меч Македонија на гости извлече реми од 1:1 над Словенија со израмнувачкиот гол кој го постигна Енис Барди.
Видео: Израел 4 – 2 Австрија второ коло група Г
Фото: ffm.mk



