Се вративме дома и добивме фантастичен пречек. Отидовме на Олимпијада да се дружиме и да ги провериме нашите можности, а се враќаме со 8 медали и второ место во танц.
🏅Марио Мицковски – пливање, злато на 25 метри грбно и злато на 50 метри слободен стил
🏅Стефан Трпковски – пливање, злато на 50 метри слободен стил
🏅Сара Дураку – атлетика, бронза 100 метри и бронза на 50 метри
🏅Ардијан Шабани – атлетика, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри
🏅Кошарка – Јунифајд- бронзен медал
🏅Јулијана Петровска – второ место во латино танци
Им благодариме на нашите тренери и јунифајд партнери и на нашите поддржувачи кои ни овозможуваат секојдневно да се надминуваме самите себе. 
Ви благодариме ВАМ за секој убав збор и поддршка со секој like и share на нашите информации.
Ви благодариме за вербата и довербата.
Ние навистина сме СПЕЦИЈАЛНИ 🏆❤️🇲🇰
#SpecialOlympicsMacedonia 
Извор: Special Olympics Macedonia



