За прв пат во нашата држава и во регионот МК Ендуро Тим Водно-Скопје ќе организира Enduro/Cross паралелна трка која насекаде важи за една од најатрактивните трки како за возачите така и за публиката.
Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено, а победник е тој што прв ќе стигне на целта.Трката се одвива на кружна патека со препреки (дрва, камења, гуми, базен со вода и кал…..), стартот и целта се на иста точка, а публиката од секоја позиција има можност во целост да ја следи трката.
Трката е замислена на база на елиминации и од трка во трка станува се поинтересно бидејќи само најдобрите возачи одат во финалето. Се очекува да се пријават над 70 натпреварувачи, што е знак за многу атрактивна трка каде посетителите ќе уживаат во вештините на возачите.
Овој настан нема да биде само натпревар ќе биде целодневна забава за вас и вашето семејство, каде што за време на настанот публиката ќе ја забавува Ди Џеј, а по натпреварот за забавата ќе биде задолжен познат Рок Бенд. За време и по завршување на натпреварот секој посетител ќе може да ја вкуси храната приготвена од Хотел Белви, а воедно ќе се служат и напитоци (кафе, сок, пиво…..)
Влезот за посетителите ќе биде бесплатен.
Трката ќе се оддржи на специјален полигон кој ќе е наменет исклучиво за ваков тип на настани. Настанот ќе се оддржи во Хотел Белви на 30 Март 2019 во 11 часот.
Фото: Enduro Team Vodno – Skopje / Ендуро Тим Водно – Скопје



