Елиф Елмас на свои 19-години игра зрело и квалитетно, а тоа на најдобар начин го покажа во репрезентативниот дрес на Македонија против Летонија во Скопје во рамките на квалификациите за ЕУРО 2020.
Во првото полувреме Елиф Елмас во 23 минута го замени на повредениот Ферхан Хасани и веднаш на селекторот му даде до знаење дека го заслужува стандардното место во репрезентацијата, па најпрвин во 29 минута се најде на вистинско место за да ја спроведе топката во мрежата за во тој момент 2:0, а во 93 минута ја покажа сета своја светска класа што ја поседува каде што во прв момент атрактивно се ослободи од својот чувар, а потоа со лоб постигна мајсторки гол за конечни 3:1. На вечерашниот натпревар Елмас се етаблираше во вистински заменик на Горан Пандев, кој пак вечерва го одигра јубилејниот настап број 100 во репрезентацијата.
Видео: Голот на колото го постигна Елиф Елмас
Elif Elmas harika bir gol attı, harika. pic.twitter.com/Gdlrvyrbyt
— Furkan (@daralandafutbol) March 21, 2019



