Квалификации за ЕУРО 2020 каде што во првото коло Македонија на домашен терен во Скопје дојде до рутинска победа од 3:1 против Летонија во рамките на групата Г. Во доминантна игра и меч во кој што Македонија имаше канонада од удари по противничкиот гол со водство отворивме во 11 минута кога на средината на теренот Несторовски пресече топка, дојде до Николов кој веднаш ја испрати до Пандев кој што правовремено го проигра на Езџјан Алиоски на кој не му беше тешко да постигне гол за 1:0.
Дуплирање на водството се случи во 29 минута кога резервистот Елиф Елмас кој влезе во првиот дел на местото на повредениот Хасани успеа одбиената топка да ја претвори во нов гол и со 2:0 македонските репрезентативци заминаа на полувреме.
Во второто полувреме иако Македонија имаше иницијатива сепак падна темпото на игра по излегувањето од игра на Горан Пандев во 70 минута, а летонците во 87 минута преку голот на Исајевс со глава намалија на 2:1, а конечниот резултат на 3:1 ги постави бисерот на македонскиот фудбал 19-годишниот Елмас кој на мајсторски начин се ослободи од противничкиот дефанзивец и потоа со лоб удар постигна атрактивен гол за почетна победа и први три бода,
Резултати група Г:
Македонија 3 – 1 Летонија
Израел 1 – 1 Словенија
Австрија 0 – 1 Полска.



