Во рамките на 1/4 финалето од Лигата на шампиони за жени натпреварување кое е во самата завршница каде што на првиот натпревар помеѓу Барселона и Квинер од Норвешка резултатот гласи 3:0 и со една нога каталонките се во полуфинале.
Победникот на овој меч беше познат по само едно одиграно полувреме, каде што голот за водство го постигна англичанката Дуган во 3. минута на асистенција на Торехон, истата фудбалерка во 24. минута зголеми на 2:0 но овој пат на асистенција на Мартенс и голот за 3:0 беше постигнат од пенал во 36 минута преку Калденти која успешно го реализира ударот од 11 метри кој претходно поради играње со рака беше оправдано досуден пенал за домашната екипа.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на Барселона и ако ги реализираше сите свои шанси норвешкиот тим ќе си одеше со двоцифрена негатива. Во 77 минута шанса за настап доби најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која на теренот ја замени холандската интернационалка Мартенс. Во Норвешка Барселона против Квинер се очекува само да го верификува пласманот во полуфинале во најелитното клупско натпреварување во Европа за женски фудбал.
Резултати Лига шампиони жени:
Славија Прага 1:1 Баерн Минхен
Барселона 3:0 Квинер
Лион 2:1 Волфзбург.
Видео: Лига шампиони 1/4 финале прв меч Барселона 3 – 0 Квинер



