Се одиграа 1/4 финалните натпревари од КУП натпреварувањето во женска сениорска конкуренција и познати се сите патници во полуфиналето, а тоа се тимовите на: ЖФК Драгон, ЖФК Тиверија, ЖФК Топ Гол и ЖФК Прилеп.
Дерби пресметката во 1/4 финалето ја доби ЖФК Драгон кој по поуспешно изведување на пенали е среќниот тим кој поминува во наредна фаза. Во регуларниот дел заврши 2:2, а први во водство беа фудбалерките од Дојран кој поведоа со 0:1 со голот на Симона Крстаноска.
Потоа следуваше пресврт каде најпрвин Драгана Костова со спектакуларен гол од слободен удар израмна на 1:1, а водство за драгонки донесе Ленче Андреевска. Конечниот реултат од 2:2 го постави Ангела Стојковска. Победникот беше решен по изведување на удари од 11 метри, каде што ЖФК Драгон серијата ја доби со 4:2.
Младата екипа на ЖФК Топ Гол ја елиминира екипата на ЖФК Тетово 2017 и се пласира во 1/2 финалето на фудбалскиот куп на Македонија за жени. На натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште во Камењане, Општина Брвеница битолчанки со конечен резултат од 4:1 на полувреме резултатот гласеше 0:0 ја совладаа домашната екипа.
Стрелци на головите за Топ Гол беа Гелевска во 57 минута, Бумбаровска 59 минута и Николовска беше двоен стрелец и тоа во 90+1 и 90+3 минута. Почесниот гол за тетовчанки го постигна Медина во 60 минута.
Во Струга екипата на ЖФК Асс Унитед во дерби натпреварот не успеа да ја одбрани домашната предност и загуби со резултат од 0:4 на полувреме 0:3 од ЖФК Тиверија. Стрелци за струмичанки беа Димоска, Николовска, Р. Велкова и С. Велкова.
Најлесна задача во куп натпреварувањето имаше новата прволигашка екипа ЖФК Прилеп каде што во Велес протв ЖФК Борец триумфираа со 0:8 на полувреме резултатот беше 0:5. Погодоците за прилепчанки ги постигнаа Јована Ѓорѓиоска која имаше учинок од 4 постигнати гола, два гола беа дело на Симона Тасева, а по еднаш во листатата на стрелци се запишаа Сара Ефтинџиоска и Елена Бошкоска.
Во натпревар во кој што до израз дојде разликата во квалитет очекувано е елиминиран тимот на ЖФК Борец, а во таборот на прилепчанки сите фудбалерки кои добија шанса оставија одличен впечаток на теренот.
Куп на Македонија за жени 1/4 финале:
ЖФК ДРАГОН – ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2:2 (4:2 по пенали)
ЖФК АСС УНИТЕД – ЖФК ТИВЕРИЈА 0:4
ЖФК ТЕТОВО 2017 – ЖФК ТОП ГОЛ 1:4
ЖФК БОРЕЦ – ЖФК ПРИЛЕП 0:8



