Француски Пари Сен Жермен покажа дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) дека иако е многу моќна сепак клубовите може да добијат спор и против таква една моќна организација. Се работи за тоа дека ПСЖ се ослободени од страна на спортскиот суд (ЦАС) за обвинувањата дека клубот има неправилни трансфери, како и истрага околу платите и спонзорските договори кои ги потпишал клубот.
Арбитражниот суд (ЦАС) ја прифати жалбата на ПСЖ, а во образложението на ЦАС се вели: ..На УЕФА им требаше многу време да ја преиспитаат одлуката од 2017 година и клубот ПСЖ не е виновен за кршење на финансиските фер-плеј правила”.
Сепак се води и нова постапка која е одделна од гореспоменатата, а се работи за трансферите на Нејмар и Килијан Мбапе кои во тој период потпишаа за ПСЖ и ќе се испитува дали е се во ред со нивните трансфери и дали е запазен финансискиот фер-плеј.



