Мадридски Реал ќе настојува на лето додатно да го засили ростерот и тоа со неколку врвни кошаркари. Кралевите сакаат да направат силен тим скроен од ,,Галактикоси” во стилот на фудбалскиот клуб кој од клупата го предводи Пабло Ласо.
,,Марка” пишува дека Реал Мадрид прва цел ќе им биде да бира помеѓу четири квалитетни плејмејкери и тоа: Нандо де Коло, Василиј Мицич, Костас Слукас, како и повторно враќање во тимот на Серхио Родригез.
Ласо ако успее да доведе некој од овие споменати кошаркари додатно ќе може да ги одмара во голем дел од играта двете ѕвезди Серхио Љуљ и Факундо Кампацо. На оваа листа наскоро ќе има уште неколку имиња кои сериозно ќе конкурираат за белиот дрес од Мадрид.



