Последното рангирање кое го направи ЕХФ, македонскиот шампион го смести на шестото место, а пред ,,Црвено-црните” меѓу четирите најдобри тима се ПСЖ кој е првоирангиран и со најголеми шанси да дојде до титулата, потоа следи Барселона на второ место, Пик Сегед и на високото трето место и Веспрем е класифициран на четвртата позиција.
Од сите овие параметри ЕХФ не верува во успех на Вардар и го сместува со мали шанси да се пласира на завршниот Фајнал-фор, но затоа вардарци треба да го докажат спротивното и повторно сериозно да се приклучат во борба за шампионската титула.
Прва пречка за Вардар во 1/8 финалето ќе биде незгодниот хрватски тим на ППД Загреб, а ако успее да се пласира во 1/4 финалето највероватно ќе се соочи со унгарски Пик Сегед каде ќе водат двете екипи жестока битка за пласман на Фајнал-фор турнирот.



