Eкипата на ЖРК Стружанка славеше против ЖРК Цемс во последното 18-то коло од Женската ракометна лига so 37:17 (полувреме 16:8). Стрелци за тимот на Паноски денес беа Маркоска 9, Делиоска 7, Затуроска Ивана 5, Јовичанац 4, Петреска 4, Дурацоска 2, Попоска 1, Јованоска 1, Вранишкоска 1, Затуроска Бојана 1, Ѓоршулеска 1, Переска 1. На голот одлична и денес беше Митоска. Во тимот на Цемс се истакнаа Петровска и Цветановска со по 6 голови.
Фото: Giovanni Films



