Во рамките на 24. коло од Примера се одигра женското дерби познато под називот ,,Ел Класико” помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона каде што до триумф стигнаа каталонските фудбалерки со резултат од 0:2. Погодоците среде Мадрид ги постигнаа Ошоала во 65 минута, а резервистката Дуган во 80 минута ги постави конечните 0:2.
Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова доби шанса за настап во самиот финиш на мечот во 89 минута и на дело ја почуствува сласта на победата во едно дерби како што е ,,Ел Класико”. Атлетико Мадрид и покрај поразот сеуште ја има лидерската позиција со 66 бода, а Барселона е на второ место со 63 освоени бода, односно само минус три од првата позиција на табелата.



