Илија Несторовски се погрижи Палермо да дојде до нови три бода со кои што ќе биде во конкуренција за едно од првите две места кои носат директен пласман во Серија А. Македонскиот репрезентативен напаѓач во победата на Палермо од 4:1 над Карпи учествуваше со два постигнати гола и оствари една асистенција.
Се започна со неговата асистенција за гол во 11 минута за водство од 1:0 со голот на Фалети, а по само четири минути игра Несторовски сам зголеми на 2:0. До крајот на натпреварот постигна нов гол во 87 минута за поставување на конечниот резултат од 4:1. Ова за него е вкупно деветти гол во првенството. Вториот интернационалец Александар Трајковски го одигра целиот натпревар во победничката екипа.



