Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас на отворањето на Формула 1 сезоната на првата трка за Гран При на Австралија дојде до голема победа со освоеното прво место пред второпласираниот Луис Хамилтон кој минатата сезона беше светски шампион.
Ботас веќе на стартот го престигна клупскиот колега Хамилтон и до самиот крај успеа да ја задржи првата позиција за своја четврта победа во кариерата. Финскиот возач освен што доби поени за триумфот, тој заработи и додатен еден поен поради новото правило кое вели дека се добива поен и за најбрз круг во текот на трката со услов возачот да завршил помеѓу најдобрите десет.
Третото место му припадна на холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, четврти заврши возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој не успеа на првата трка во сезоната во Мелбурн,Австралија да дојде до подиумот. Следната трка е за Големата награда на Бахреин.



