Трофејниот тренер Светислав Пешиќ кој ја предводи Барселона, доби во рекордно време исклучување и тоа во првата минута од Евролигашкиот дуел помеѓу Фенербахче и Барселона. Пешиќ протестираше жестоко кога над Блажиќ не беше досуден фаул, а потоа вербално но и физички сакаше да се пресмета со литванскиот судија Гитис Вилиус. 69-годишниот тренер веднаш доби исклучување, а во тој момент резултатот беше само 3:2 за домашната екипа. Во прилог и видео од целата ситуација:



