Хрватскиот ракометен првак ППД Загреб во последното коло од СЕХА-лигата загуби од Татран Прешов 28-29 иако на полувреме водеше со 16:15. На тој начин Вардар финишираше како првопласиран во групната фаза и ќе игра против Мешков Брест во полуфиналето на 2 април.
Во второто полуфинале ќе гледаме хрватски дуел ППД Загреб и Нексе. Најдобар кај победникот беше Буторац со 9 гола, а македонскиот ракометар Никола Костески постигна 2 гола. Кај Загреб, најефикасен беше Равниќ кој постигна 5 голови.



