Ракометарите на Еурофарм Работник победија на гостувањето против Охрид со убедливи 24-35. Филип Кузмановски беше прв стрелец со 7 погодоци. Кај Охрид се истакнаа Димитријески со 5, како и Ивановски и Везенковски со по 4 голови.
Новиот суперлигаш Бутел славеше на гостувањето против Радовиш со 29-37 (полувреме 15-16). Златко Мојсоски беше прв стрелец кај гостите со 10 погодоци, додека убедливо најефикасен беше домашниот ракометар Ивица Илиев со 15 постигнати гола.
Пелистер убедливо славеше над Прилеп со резултат 18-46. Табангуе беше најефикасен во таборот на Пелистер со дури 9 голови, додека кај Прилеп најефикасен беше Свртинов со 4 голови.
Kaко што напишавме синоќа екипата на Струга го совлада составот на Пролет со минимални 24-23.



