Новиот роман на Филип Петровски ,,Последната книга на планетата Земја“, зборува за преживувањето, за опстанокот, книга за човековиот избор кој може и треба да го направи. Петровски е умешен во пишувањето на мислите, речениците, има психоанализа на ликовите и при читањето на неговите мисли имате визуелизација како да гледате филм, толку возбудливо, интрегентно и доловување на мисли и нови разврски.
Романот на Петровски е второ негово дело кое е крими трилер, инаку првата негова книга ,,Светот во Световите” е психолошко книжевно дело. Авторот има длабока визија и читајќи го романот ќе се запрашате: ,,Дали ќе преживееме на планетата Земја во блиска иднина?
Ќе се уништиме ли самите себе како влог за нов живот таму горе?
Вирусот е пуштен и никого не чека…
Дали главниот лик ќе го издржи интензитетот на авантурата што постои”? За да ги дознаете одговорите на овие прашања ви препорачуваме со внимание да го причитате неговото дело затоа што за скоро следува и продолжение на овој извонреден трилер.



