Вардар за крај на регуларната сезона во Сеха Гаспром лигата се одјави со победа на гостувањето во Љубушки,Бих против тимот на Извиѓач со резултат под 28:31 на полувреме 10:16. Парондо се одлучи да ги одмори Борозан, Дибиров, Карачиќ, Кристопанс, Скубе и Дисингер и затоа останатите ракометари кои имаа помала минутажа ја прикажаа својата вредност.
Најефикасен кај Вардар беше Мартин Поповски со 9 гола, Дејан Куколовски запиша четири гола, а се истакна и голманот Гебдан со 15 одбрани. Во тимот на Извиѓач најефикасен заврши Ивановиќ со 7 постигнати гола. Следна цел на ,,Црвено-црните” им е 1/8 финалето во Лига шампиони како и Фајнал форот на Сеха лигата.



