Вчера Барселона на домашен терен рутински го совлада тимот на Рајо Валјекано чиј дрес го носи и репрезентативниот голман Столе Димитриевски. Барселона освен што оствари нова победа и се зацврсти на врвот на табелата, а Луис Суарез и Лионел Меси се запишаа во листата на стрелци, каде што сега Меси има вкупно 26, а Суарез 16 погодоци и нивниот заеднички учинок е 43 постигнати гола колку што има целиот тим на Реал Мадрид, невероватни бројки кои покажуваат кој тим и чии фудбалери се во подобра форма.



