Милан ја продолжи победничката серија и нова нивна ,,жртва” е последниот тим на табелата тимот на Киево каде што на гостувањето дојдоа до минимална победа од 1:2. За одбележување на овој меч е првиот гол сезонава во првенството на Лукас Биглиа, а погодокот го постигна на најдобар можен начин од слободен удар во 31. минута каде што постигна вистинско ремек дело.
До крајот на мечот најпрвин домашните фудбалери израмнија на 1:1 во 41. минута со голот на Хатемај, а во второто полувреме полјакот Пјатек се најде на вистинско место за да го постигне победничкиот гол за 1:2 и за негов 19-ти гол сезонава и со ист број на постигнати голови го дели првото место на листата на стрелци со Роналдо и Кваљарела.
Видео: Погодокот на Лукас Биглиа



