Пелистер во Битола ја совлада Струга со 30-28 (полувреме 13-16). Струга парираше одлично 55 минути имаше и водство за во финишот да стигне до победа тимот на Пелистер. Најефикасни поединци во екипата на Пелистер беа Поповиќ со 10 и Станоевиќ и Кобетиќ со по 6 гола.Kај Струга најефикасен беше Кузманоски со 8 погодоци, по 4 дадоа Чантурија, Николиќ и Костески.
Бутел, лесно славеше против Вардар јуниор со 28-21 (полувреме 15-13) и ја продолжи борбата за место во плеј-офот од Суперлигата. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ратко Димовски со 6 голови, додека кај Вардар Јуниор се истакнаа стандардно Кукуловски и Крстевски со по 7 голови.
Пролет славеше со убеливи 40:30 (полувреме 20:16) против тимот на Радовиш. Најефикасни кај Пролет беа Аларов со 14 и Ролевски со 5, додека кај Радовиш по 9 голови дадоа Илиев и Симиќ.



