Раководството на Формула 1 ќе воведат и ќе ги усвојат предлозите за наредна сезона еден бод да се доделува за возачот кој ќе има најбрз круг на извозена трка. Овој предлог е усвоен после анкетата која беше направена со љубителите на Формула 1 спортот и кои што сите заедно на задоволство на сите страни фанови-раководство-возачи-тимови е прифатливо.
Сепак има и услов за да се добие тој бод за најбр круг, а возачот треба да заврши во првите десетмина по крајот на трката. Предлогот сеуште чека на потврда од внатрешната организација на Формула 1 и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), но сите очекувања е без двоумење да се потврди предлогот.



