Вчера во СЦ Тими се одигра одложениот младинските натпревар против екипата на ГРК Борец. Гостите од Велес допатуваа ослабени па ова беше добро можност нашите пионери и кадете да го одиграат скоро целиот натпревар.
Иако натпреварот започна тешко за нашата екипа, Борец успеаа на почетокот да поведе со 1:3. Но тоа беше се што видовме од гостите на овој натпревар. Следеше серија од 6:0 на КЛ7 Струга и водство кое веќе беше недостижно за екипата од Велес. По 30 минути игра дојдовме до максимални 11 голови разлика односно 21:10.
Во второто полувреме успеавме да постигнеме дури 29 погодоци, што е рекордно за нас оваа сезона во сите категории и да ги поставиме конечните 50:19. Покрај тоа што сите успееа да добијат шанса да настапат на овој натпревар и сите се запишаа во листата на стрелци.
Младите пионери Христоски и Ѓорговски беа наши најдобри стрелци со 11 односно седум постигнати погодоци. А одличен учинок имаше и Галевски кој успеа да запре три седмерци на гостите.
Во следното коло(10.03) нашите младинци го пречекуваат Пролет во СЦ Тими од 11 часот. Со победа и официјално ќе се пласираат по втор пат на финалната завршница во младинска конкуренција
КЛ7 Струга – РК Борец 50:19 21:10
КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 2, Дуноски 1, Џигероски 4, Пајкоски 2, Гучески 2, Христоски 11, Шулески 3, Попоски 2, Бочески 5, Ѓорговски 7, Стојков 5, Стрезоски 2, Ѓоргиевски 4.
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин



