Наполи и Челзи на домашен терен триумфираа убедливо и со идентичен резултат од 3:0 против Ред Бул Салзбург, односно Динамо Киев. Наполитанците уште во првите дваесет минути најавија дека за нив овој меч ќе биде само рутинско одработување на натпреварот.
Милик во 10 и Руиз во 18 минута за 2:0 водство кое по еден час игра домашните фудбалери го зголемија со автоголот на Ингуене во 58. минута и до крајот Наполи имаше нови шанси за поубедлива победа. Во Англија на ,,Стемфорд Бриџ”, тимот на Челзи беше убедлив против Динамо Киев со 3:0 со погодоците на Педро во првиот дел, а во второто полувреме Вилијан во 65 и резервистот Хадсон Одои во 90. минута за 3:0.
Резултати Лига Европа од 21.00 часот:
Наполи 3:0 Ред Бул Салзбург
Челзи 3:0 Динамо Киев и
Валенсија 2:1 Краснодар.



