ООУ ,,Св. Климент Охридски” од Драслајца,Струга со својата женска фудбалска екипа успешно се натпреварува во рамките на Училишниот спорт, каде што на општинско ниво во рамките на основните училишта во Струга и околијата го освоија првото место.
По успешната прва фаза од општинско ниво, ООУ ,,Св. Климент Охридски” ќе продолжи со натпревари од државно ниво, а до сега со успех и триумф заврши натпреварот против основното улилиште од Македонски Брод, а денеска во Кавадарци имаа нова победа со резултат од 2:0, а им преостануваат уште два натпревари на 19-ти март во рамките на државните соочувања.
Победничкиот тим на ООУ ,,Св. Климент Охридски” од Драслајца го сочинуваат: Ирина Танкоска (голман), Катерина Бицеска, Емилија Клечкароска, Милица Јоноска, Роберта Ѓоршулеска, Евгенија Далческа, Теодора Далческа, Тамара Далческа, Елена Јоноска, Јорде Попоска и Анастасија Малеска. Наставниците кои го предводат тимот се: Златко Мартиноски и Марино Велоски.



