На стадионот ,,Максимир” во Загреб домашниот тим Динамо ќе ја пречека славната Бенфика во рамките на нокаут фазата во Лига Европа. Историскиот успех на хрватскиот шампион со пласманот во 1/8 финалната фаза ќе претставува мотив плус без притисок и со многу мотивација да се претстават во двомечот против португалците.
На овој прв меч поради повреда нема да настапи за домаќините капитенот Аријан Адеми и тоа ќе биде хендикеп во средниот ред, но останатите фудбалери кои ќе добијат шанса се спремни да го дадат својот максимум.
Ваквите натпревари се играат еднаш во животот за повеќето фудбалери од домашниот состав и затоа секоја помината минута на терен за нив ќе биде од големо значење. Од друга страна Бенфика се вбројува меѓу фаворите за највисок пласман во Лига Европа.
Во оваа фаза има дури три преставници од Шпанија, по два тима имаат англичаните, русите и италијаните и меѓу овие тимови ќе се бара освојувачот на престижната Лига Европа. Од втор план шанса ќе чекааат тимови како што се: Бенфика и Ред Бул Салзбург.
Лига Европа, двојки за 1/8 финале од 18.55 часот на програмата се:
Динамо Загреб – Бенфика
Ајнтрахт Франкфурт – Интер
Рен – Арсенал
Севилја – Славија Прага
Зенит – Вилјареал
Од 21.00 на програмата се следните парови:
Челзи – Динамо Киев
Наполи – Ред Бул Салзбург и
Валенсија – Краснодар.



