Лос Анџелес Лејкерс доживеа трет последователен пораз и со тоа си ја отежна уште повеќе ситуацијата и амбициите за влез во плејофот. ,,Езерџиите” на свој паркет беа поразени од лутиот градски ривал и конкурент за влез во плејофот Лос Анџелес Клиперс со резултат од 113:105.
Леброн Џејмс последните неколку сезони најслаба страна му е играњето во одбраната, а оваа сезона навистина одбранбените задачи ги извршува со слаб интензитет и со низок процент на успешност.
Највпечатлив момент од мечот е кога при еден напад на Клиперси, Кајл Кузма го турна Леброн Џејмс се со цел да стигне до противникот и да не му дозволи шут за два поени. Во прилог и видео од целата ситуација:



