Mакедонскиот вицепрвак Металург доживеа убедлив пораз 30:20 на гостувањето против Татран Прешов во СЕХА-лигата. Најефикасен во составот на Татран беше Хрстка со 7 голови додека на голот одличен беше Марио Цвитковиќ со 10 одбрани. Македонскиот ракометар Никола Костески играше само во првото полувреме и постигна 2 гола, а имаше и 2 асистенции. Во второто полувреме доби поштеда од Славко Голужа поради повреда на мускулот во првото полувреме. Димитриоски и Токиќ со по 4 голови беа најефикасни во составот на Металург на овој меч.
(КОМПЛЕТНА СТАСТИКА)
ТАТРАН
МЕТАЛУРГ 



