Реал Мадрид нема да ја брани шампионската титула во Лига шампиони освоена минатата сезона, затоа што на реваншот од 1/8 финалната фаза на ,,Сантјаго Бернабеу” загубија убедливо од расположениот Ајакс со резултат од 1:4.
По првиот меч ,,Кралевите” имаа предност од 2:1, но реваншот на домашен терен за нив беше кобен и за нивна рана елиминација во најелитното клупско натпреварување во Европа и сосема заслужен пласман на Ајакс во 1/4 финалето.



