Реал Мадрид има тежок период затоа што на два пати на домашен терен губеше во ,,Ел Класико” дербито, а Солари не може да најде игра која ќе дава резултати на подолг рок, па од таму и најави дека на лето Перез ќе бара нов менаџер.
Вечерва ,,кралевите” ќе бараат ,,Рехабилитација” против Ајакс во Лига шампиони на стадионот ,,Сантјаго Бернабеу” и со елиминација на холандскиот тим кралевите ќе имаат барем извесен период без притисок од јавноста. После првиот натпревар во Холандија Реал Мадрид носи триумф во Шпанија од 2:1 и се очекува на рутински начин да го приведат мечот до крај без поголеми компликации.
Вториот натпревар вечерва во Германија на стадионот ,,Сигнал Идуна Парк” тимот на Борусија Дортмунд ќе биде во невозможна мисија да ја анулира негативата од првиот натпревар на ,,Вембли” каде што Тотенхем дојде до победа од 3:0.
Тимот кој го предводи Полетино ќе има тешка задача до крај на сезоната тимот да го одржува на сите фронтови на високо ниво, затоа што во неколку преодни рока не купија ниту еден нов фудбалер, а постојните играчи во ростерот имаат проблеми со повреди.
Вечерашни двојки реванши:
Реал Мадрид – Ајакс ,,Сантјаго Бернабеу” од 21.00 часот
Борусија Дортмунд – Тотенхем ,,Сигнал Идуна Парк” од 21.00 часот.



