Управата на гигантот од Истанбул, тимот на Фенербахче заедно со тренерот Ерсун Јунал, донеле одлука да го продадат Елиф Елмас со цел да се соберат пари во буџетот, но и да се скрати екипата во која во моментов има 31 првотимец.
Елмас пред крајот на минатата година беше поврзуван со голем број клубови од Европа, како Лион, Борусија Дортмунд, Лацио, Спартак Москва, па дури и гиганти како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем и ПСВ Ајндховен.
Елмас во Фенербахче пристигна во 2017 година, но бидејќи беше малолетен за клубот заигра дури лани во јануари, по што стана и стандарден првотимец. Оваа сезона одигра 22 натпревари и постигна еден гол. Во летниот преоден рок за неговите услуги ќе бидат заинтеесирани многу познати клубови.



