Ракометарите на Металург 2 во плеј-офот на Првата лига на гостувањето во Кисела Вода го совлада тимот на РК Јуниор Кисела Вода, со резултат 26:27 (полувреме 13:14).
Стефан Додиќ, со гол во последната секунда донесе победа за тимот на Металург 2 и освојување на првите бодови.
РК Јуниор Кисела Вода – РК Металург 2 26:27 (13:14)
РК Јуниор Кисела Вода: Богдановски, Биковски 1, Атанасовски, Гичев 9, Крстевски, Чалов, Јаховиќ, Затараковски, Постолов 1, Трајковски 2, Тодоров 3, Коловски 6, Гроздановски 3, Ников и Трајчевски 1.
РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Михајлов, Кондев 7, Кофилоски, Митиќ 5, Лембанов, Ристовски, Серафимов 5, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 3, Тодевски, С.Додиќ 5, Гајиќ 2 и Мијатовиќ.
Извор и фото: rkmetalurg.mk



