Жарко Пешевски од следната сезона се сели во Бундеслигата. Пикерот Жарко Пешевски официјално од следната сезона ќе биде нов член на Штутгарт. Пешевски потекнува од Металург, а сезонава ја игра првата сезона во украинскиот Мотор Запорожје. Штутгарт моментaлно со 17 бода се наоѓа на 14-та позиција на табелата, со осигуран опстанок во елитното друштво.



