По 11. одиграни кола во кошаркарската женска лига до 16-годишна возраст ЖКК Струга 2009 ја продолжува серијата на победи и во својата сала ,,Нико Нестор” во Струга домашните кошаркарки забележа нова првенствена победа над ЖКК Спортисимо со резултат од 81:33 по четвртини (24:06, 22:11, 21:04 и 14:12).
Домашните струшки кошаркарки ги добија сите четири четвртини и рутински стигнаа до нов триумф, каде што ЖКК Струга до М-16 и М-18 се непоразени во своите конкуренции и го чуваат лидерското место на табелата.
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Г. Модева 32 поени, Зенку 12, Велјаноска 11, Ј. Кукунешоска 6, Белкоска 6, Шулеска 6, В. Кукунешоска 4, Алексиеска 2, К. Модева 2, Кирацоска и Укоска. Кај гостинската екипа од Кавадарци најефикасна заврши Вељковиќ со 24 поени.



