РК Еурофарм Работник во недела во 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ го игра вториот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Нексе Нашице.
Во пресрет на тој натпревар свое видување има голманот на битолчани Благојче Трајкоски:
“Да се покажеме во најдобро светло пред домашната публика. На дуелот со Татабања потфрливме, но на овој натпревар верувам дека нема да биде така. Тренираме напорно, се спремаме и знаеме дека секој мора да го даде својот максимум на теренот. Ако го испочитуваме тоа што го тренираме и тоа што е кажано од тренерот, Нексе може да го доживее првиот пораз во Битола.”



