Серхио Рамос доби намерен жолт картон против Ајакс со цел да го пропушти реваншот во Мадрид и да биде без картони во четвртфиналните дуели во рамките на Лига шампиони. Но по завршувањето на првиот меч, дефанзивецот на ,,Кралевите” признал пред медиумите дека намерно добил жолт картон за да се исчисти од картони во наредната фаза од најелитното натпреварување.
И сето ова беше доволно УЕФА да покрене постапка за негова казна каде што Рамос се очекува да добие најмалку уште еден дополнителен натпревар суспензија и ќе го пропушти највероватно првиот четвртфинален меч.



