Првиот полуфинален натпревар од италијанскиот куп помеѓу Лацио и Милан на стадионот ,,Олимпико” во Рим заврши без голови и патникот за финалето ќе се бара на ,,Сан Сиро” на реваншот. Ова беше натпревар со две претпазливи екипи кои повеќе внимаваа на својот гол отколку да го загрозат противничкиот. Лацио најзрелата шанса ја имаше преку Имобиле, додека кај Милан изгледна шанса имаше Пјатек. Во второто полуфинале ќе се соочат Фиорентина против Аталанта.



