Патот е многу тежок кога од втора лига треба да се премине во најдобрата прва лига, а таков е случајот со екипите на Палермо за кој играат македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, а за Лидс Јунајтед стандарден член е Езџјан Алиоски.
Екипите на Палермо и Лидс во исти период загубија и паднаа на третото место на табелата во Серија Б и во Чемпионшип, каде што Палермо на гостувањето против Кротоне загуби со 3:0 со одигран цел натпревар на Несторовски, додека Трајковски настапи од 79 минута.
За Лидс Јунајтед Алиоски играше се до 83. минута каде што неговиот тим загуби минимално на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс кој пат беше во резултатска криза и токму на овој меч издвојува победа.
До крајот на сезоната ако двете екипи останат на трето место ќе играат бараж натпревари за влез во прва лига, а во случај да завршат на првите две позиции ќе изборат директен пласман во елитна конкуренција.



